Косово го објави списокот за мечот со Македонија, и Муриќи е на листата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Косово, Бернар Шаланд, го објави списокот за бараж натпреварот против Македонија за пласман на Европското првенство 2021 година, и на списокот го има Ведат Муриќи, но фали Милот Рашица.

Новиот член на Лацио, Муриќи, беше позитивен на коронавирус, но се најде на списокот на селекторот и можеби ќе може да игра на 8 октомври во Скопје бидејќи изолацијата ќе му заврши наскоро. Тој има и повреда, но сепак е ставен на листата кандидати.

Хендикеп за Косово е отуството на Милот Рашица кој поради повреда ќе го пропушти мечот со Македонија и другите два во октомври од Лигата на нации, со Словенија и Грција. Во нападот, освен Муриќи се наоѓа само уште Нухиу од Апоел.

Нашиот селектор Игор Ангеловски, за утре најави дека ќе го даде списокот на кандидати.

- Оглас -

Најнови вести