Косово сепак не е Македонија – Англија води 5:1 на полувреме

Од почеток како во соништата, до кошмар само за 45 минути за репрезентацијата на Косово на гостувањето кај Англија. Косово поведе со 1:0 само по 35 секунди на „Сент Мери“ во Саутхемптон, но на полувремето губи со убедливи 5:1. Валон Бериша ги донесе гостите до водство и само за момент Косово се понадева дека може да направи чудо против некогашниот светски првак.

Сепак, потоа следуваше гол шоу на Англија. Стерлинг израмни во осмата минута, а веќе во 19-тата минута беше 2:1 благодарение на погодокот на Хари Кејн. Косово даваше отпор од пред крајот на првиот дел. Во 38-мата минута Војвода си даде автогол, а до крајот на првиот дел, за Англија два гола даде Санчо.

Според резултатот по првиот дел во Саутхемптон, тешко дека може да се очекува уште едно изненадување на „Сент Мери“ како што беше тоа во октомври 2002 година, кога Македонија одигра 2:2 против Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести