Луд почеток: Косово поведе само по 35 секунди, Англија брзо израмни (Видео)

Косово имаше старт како од соништата на гостувањето кај Англија. Само по 35 секунди игра, Косово поведе на стадионот „Сент Мери“ во Саутхемптон. По една грешка на англиската одбрана, Валон Бериша го матираше голманот на Англија и му донесе предност на Косово од 1:0.

https://youtu.be/JBvZNaZU-Xg

Сепак, водството на Косово траеше само неколку минути. По еден изведен корнер, Англија со погодокот на Стерлинг успеа да израмни во осмата минута. За Стерлинг ова е осми погодок во последните осум репрезентативни дуели.

- Оглас -

Најнови вести