Костадинов промовиран во новиот клуб

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов е претставен како нов играч на Пјас Гливице. Тоа е клуб кој се натпреварува во првата лига на Полска.

„Многу сум благодарен за дадената шанса да играм во Гливице. Доаѓам во тим кој не толку одамна го освои шампионатот. Се надевам дека со мојата игра ќе придонесам за подобри резултати на клубот“, рече Костадонов на претставувањето.

Костадинов во Пјаст Гливице доаѓа по четири години поминати во словачкиот Ружомберок, каде што на 128 меча имаше биланс од 14 голови и 21 асистенција. Освен за Ружомберок, Костадинов има играно и за Моравац, Тетекс, Дукла Банска Бистрица и Злате Моравце.

По 19 одиграни кола, Пјаст е на 12-тото место на табелата со 23 бода во полското првенство.

- Оглас -

Најнови вести