Вечерва (20 часот) се одлучува последниот патник за Светското првенство во Катар.
На неутрално тло во Доха, селекциите на Костарика и Нов Зеланд ќе се соочат во вториот плејоф-меч со надеж дека ќе биде повозбудлив од вчерашната пресметка меѓу Австралија и Перу, во која по 120 минути немаше голови, а Кенгурите беа подобри по пенал-рулетот.
Костарика и Нов Зеланд само еднаш во историјата ги одмериле силите, и тоа во пријателски натпревар во 2007 година, во кој Костариканците славеа со убедливи 4-0.
Победникот од вечерашниот дуел ќе се најде во групата Д, каде што е актуелниот светски првак Франција, заедно со Данска и Тунис.
Според квотите во Sport Life, Костарика е фаворит со рамно квота 2, додека евентуален триумф на Нов Зеланд нуди коефициент 4.70.