Костиќ е како легендарниот Жунињо, сензацијата Ајнтрахт ја елиминира Барса (ФОТО)

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт оствари неверојатна победа над Барселона од 3:2 и со тоа се пласира во полуфиналето од Лигата на Европа.

Филип Костиќ со головите во четвртата и 67-мата минута, како и прекрасниот гол на Рафаел Боре во 36-тата минута, додека Серхио Бускетс во 90-тата, а дополнителна драма донесе Мемфис Депај, кој даде гол во 99-тата минута за 3:2, односно 4:3 конечни.

Со двата гола и асистенцијата, Костиќ стана првиот фудбалер по легендарниот Жунињо кој има учинок од најмалку еден гол и асистенција против Барселона на „Камп ноу“.

Иако сите очекуваа лесна победа на Барселона и доминантна игра, се случи спротивното и Ајнтрахт беше тимот којшто ги имаше најголемите шанси.

Во полуфиналето ќе играат против подобриот од мечот Глазгов ренџерс – Брага, каде што пак ќе се играат продолженија, откако во регуларниот дел средбата заврши со 2:1 за тимот од Шкотска, додека Брага има предност по првиот меч од 1:0.

Вест хем со триумфот од 3:0 на гости кај Лион си обезбеди меч против РБ Лајпциг во полуфиналето, кој од претходно ја победи Аталанта.

Крег Досон (38′), Деклан Рајс (44′) и Џерод Боуен (48′) беа стрелци за тимот од Премиер лигата.

ЕВРОПА ЛИГА

Барселона – Ајнтрахт Франкфурт 1:3

Глазгов ренџерс – Брага 2:1

Лион – Вест хем 0:3

Аталанта – Лајпциг 0:2

- Оглас -

Најнови вести