Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе играат вечерва во последното четвртфинале од Светското клупско првенство кое се игра во САД. Европските гиганти ќе го дадат патникот за во полуфиналето, каде ќе треба да вкрсти со подобриот од уште една европска пресметка и тоа меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.
Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач знае дека Милионерите ќе бидат во улога на аутсајдери која ривал на спротивната страна е Реал Мадрид.
„Очекувам да биде полн стадионот. Да има многу навивачи, посебно за Реал Мадрид. Ние сме во улога на аутсајдери, но тоа не значи дека се предаваме. Веруваме дека можеме да се пласираме во полуфиналето. Полни сме со самодоверба. Верувам во моите фудбалери. Знаеме дека неопходно е да бидеме на највисоко ниво ако сакаме на крајот да се радуваме“, рече Ковач.
Реал Мадрид има четири победи по ред во дуелите со Борусија, а германскиот тим се радувал само еднаш во последните шест пресметки со Кралевите. Интерено е дека на пет од тие последни шест меча, имало најмалку четири голови и се треселе мрежите на двата тима, што е најава за гол-гол-4+ комбинација.