Ковач: Не можеме да го следиме темпото на Ливерпул, тие играат со 200 км на час

Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен, вели дека според квалитетот на играите со коишто располага германскиот првак, играта засега е задоволителна. Сепак, Ковач додаде дека не може Баерн да се споредува со Ливерпул бидејќи тоа е тим кој игра феноменално. Ковач го гледал дербито на Ливерпул против Тотенхем, а потоа даде интересна споредба.

„Треба да играме со силите со коишто располагаме. Сепак, за да бидеш подобар, треба да имаш подобри играчи. Не можеш да излезеш на автопат и да возиш со 200 км на час ако колата може да достигне максимум 200 км на час. Едноставно, треба да знаеш колку ти е силата“, рече Ковач.

 

- Оглас -

Најнови вести