Ковач потсети на епскиот пресврт на Ливерпул против Барселона: Чуда се случуваат

Актуелниот европски вицепрвак Борусија Дортмунд вечерва ќе има „невозможна мисија“ во реваншот против Барселона. По првиот меч во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Барселона има предност од 4:0, а вечерва на „Сигнал Идуна парк“, Борусија Дортмунд ќе се обиде да направи чудо и да ја анулира оваа огромна негатива.

Тренерот на Борусија, Нико Ковач, потсети на мечот во кој Ливерпул успеа да ја елиминира Барселона кога англискиот тим во реваншот на свој терен победи со 4:0.

„На првиот меч добро се браневме во првото полувреме, но во вториот дел се загубивме. Мора да бидеме добро поставени и силни во дуелите. Ќе играме пред 80.000 наши навивачи и сакаме тоа да го искористиме. Нашата цел е да победиме. Секако, се сеќавам на победата на Ливерпул против Барселона со 4:0 во реваншот. Загубивме со 4:0, но време е да покажеме друго лице. Чуда се случуваат, но знаеме дека Барселона оваа година уште нема пораз и тоа дополнително ни ја отежнува работата“, вели Ковач.

- Оглас -

Најнови вести