Ковид-19 е непредвидлив – Еден играч оздраве, друг се зарази

Ковид-19 е непредвидлив противник и на фудбалерите, а случајот со Риека сè почесто се повторува и во другите клубови.

Екипата чии членови се нашите репрезентативци Дарко Велковски и Милан Ристовски, само што објави дека еден фудбалер заздраве од корона-вирус, веднаш потоа, во истиот ден соопштија дека имаат нов случај со позитивен играч на Ковид-19.

Според пропишаните протоколи на Светската здравствена организација, идентитетот на фудбалерот не се објавува, но проблемот во фудбалот со Ковид-19 станува сè поголем и со многу слични случаи, каков што е актуелниот во хрватскиот клуб Риека, за кого настапуваат и двајца македонски фудбалери.

Мечот меѓу Истра и Риека што требаше да се игра утре во 12. коло од хрватското првенство е одложен.

 

- Оглас -

Најнови вести