Ковид-хаос: Локалните власти го одложија дуелот меѓу Интер и Сасуоло

Локалните власти во Милано одлучија да го одложат дуелот меѓу Интер и Сасуоло од 28-то коло во Серија А, поради што корона-вирусот се рашири во редовите на моменталниот лидер во Серија А. Дуелот според календарот беше закажан за во сабота, но веројатно ќе се премести за 7 април.

Интервенцијата беше неопходна откако Нероазѕурите потврдија четири активни случаи на ковид-19. Де Врај и Весино се новите заразени играчи од првиот тим, позитини тестови од претходно се потврдија кај Хандановиќ и Д’амброзио.

Вчера Интер ја откажа прес-конференцијата, Конте не се појави пред медиумите, додека целата екипа е во карантин и не тренира, а исто така на играчите им е забрането да одговорат на мартовските репрезентативни обврски.

Останува да се види дали хаосот со вирусот ќе влијае врз формата на Нероазѕурите по седум остварени победи во низа, со кои ја одржуваатпредноста од девет бода во трката за Скудетото, на 11 кола до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести