Не поминаа ни 10 минути, а супер дербито помеѓу Бразил и Аргентина во Сао Пауло, е прекинато, и тоа не од спортски причини. Аргентинците заминаа во соблекувална и неизвесно е дали мечот ќе продолжи.
Прекинот дојде откако медицински лица влегоа на терен, со барање аргентинските фудбалери кои играат во Англија, да го напуштат теренот, бидејќи морале да бидат во изолација. Како се сетија дури сега тоа да го побараат од нив, среде натпревар, е прашање на кое треба да се даде одговор.