Крадците кои „оперираа“ низ домовите на фудбалери во Мадрид се од балканските простори

Неколку фудбалери на Реал и Атлетико Мадрид беа жртви на крадци и упади во нивните домови во шпанската престолнина. Кражбите се случуваа додека фудбалерите беа на натпревар, а сега е откриено дека вршителите на кривичното дело биле од албанско потекло.

Крадците земаа накит, пари и часовници, а во куќите обиваа и влегуваа во време кога дома беа само жените и децата на фудбалерите.

Шпанската полиција приведе четворица Албанци (тројца во Мадрид, еден во Толедо), од кои едниот бил апсен и во 2007 година исто така за тешка кражба во дом на еден бизнисмен. Едно лице побегнало во земја која не е во ЕУ и по него е распишана меѓународна потерница. Кај крадците се најдени 100.000 евра, накит и часовник, кои му припаѓале на играч на Атлетико кој двапати беше ограбен за три дена.

Од Атлетико ограбени беа Алваро Мората и Томас Парти, а од Реал жртви на грабежи беа Каземиро, Лукас Васкес, Иско и тренерот Зидан.

- Оглас -

Најнови вести