Крај на една ера: Ернесто Валверде на крајот од сезоната го напушта кормилото на Атлетик Билбао

Легендата на Атлетик Билбао – како играч и како тренер – Ернесто Валверде, објави дека по крајот на сезоната ќе го напушти „Сан Мамеш“.

„Ова е одлука за која размислувам подолго време и ја имам дискутирано со клубот“, изјави искусниот стратег. Претседателот Јон Уријарте се обидел на сите начини да го разубеди Валверде, со кого соработуваше во последните четири години, но без успех.

Според мадридскиот весник „Ас“, главен фаворит за негов наследник е Един Терзиќ. Германецот веќе имаше два мандати на клупата на Борусија Дортмунд, со која успеа да го освои Купот на Германија.

Валверде заминува по вкупно 10 години како тренер на „црвено-белите“, распоредени во три различни периоди. Под негово водство, Атлетик го освои Суперкуп на Шпанија 2015, Куп на кралот 2024, а двапати избори и пласман во Лига на шампиони (2014 и 2025).

„Остануваат уште десет натпревари во кои имаме многу за што да се бориме. Ќе ти приредиме испраќање какво што заслужуваш, мистер“, порачаа од Атлетик во емотивната проштална порака.

Валверде седум години го носеше дресот на Атлетик Билбао како фудбалер, во периодот од 1990 до 1996 година.

- Оглас -

Најнови вести