31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Крај на една ера: Најтрофејниот играч во историјата на Реал го одигра последниот меч

Реал Мадрид со 4:0 загуби од Пари Сен Жермен во полуфиналето од Светското клупско првенство. Овој меч беше посебен за легендарниот играч на Реал, Лука Модриќ.

Хрватот во игра влезе во 64-тата минута и ги одигра последните минути во дресот на Реал Мадрид. Модриќ беше дел од Реал Мадри дури 13 сезони, период во којшто испиша неверојатни рекорди.

Со вкупно 28 трофеи, Модриќ си заминува како најтрофеен фудбалер во историјата на Кралскиот клуб. Со неговата посветеност, борба и пожртвуваност, Модриќ беше еден од омилените играчи кај навивачите.

Модриќ од Мадрид си заминува со шест титули во Лигата на шампионите, четири пехари од првенството на Шпанија, како и два Купа на Шпанија. Се радуваше и на пет шпански Суперкупа, пет Светски клупски првенства и еден интернационален куп.

Во дресот на Реал Мадрид одигра вкупно 597 натпревари, во кои постигна 43 гола, а имаше и 95 асистенции.

Италијанскиот Милан е клубот во кој Модриќ ќе игра од следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести