Крај на една ера, Томас Милер го одигра последниот меч во дресот на Баерн

Секој почеток има и свој крај, така и Томас Милер дочека за последен пат да игра во дресот на Баерн Минхен, и со тоа е ставен крај на една убава фудбалска приказна.

За жал, крајот не беше среќен, напротив. Милер својот последен настап ќе го памети по тешката повреда на Џамал Мусијала и поразот од ПСЖ во четвртфиналето на Светското клупско првенство.

Милер од 2008 година беше првотимец на Баерн, а претходно мина осум години и низ младинските тимови и вториот тим, па вкупно, 25 години беше член на Баварците, и стана нивна икона и рекордер по број на настапи.

Денеска Милер 80 минути беше на клупата за резерви, а потоа влезе, и врз него беше направен „пенал“ кој по прегледување на снимка, судијата Ентони Тејлор го поништи.

Се шпекулира дека Милер кариерата ќе ја продолжи во САД, иако интерес за него има и од турски и саудиски клубови.

- Оглас -

Најнови вести