13.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Барселона го сопре чудото од кое настрада Реал Мадрид (Видео)

Екипата на Барселона се пласира во полуфиналето на Купот на Шпанија откако со 2:0 славеше на гостувањето кај Албасете. Каталонскиот гигант е првиот полуфиналист во Купот, утре се играат уште два четвртфинални средби, а в четврток треба да се комплетираат полуфиналистите.

Второлигашот Албасете беше едно од најпријатните изненадување сезонава во Купот. Тоа е тимот кој во претходното коло на домашен терен успеа да го елиминира Реал Мадрид, победувајќи го со 3:2. Тимот кој е во долниот дел од табелата во втората шпанска лига сега повторно на свој терен играше и против Барселона, но немаше сила за нов подвик.

Тримуфот на Барселона го најави Ламин Јамал со погодокот во 39-тата минута и таа акција може да ја погледнете ТУКА.

На почетокот од второто полувреме беше изведен корнер за гостите, а Роналд Араухо, кој по пауза два и пол месеца беше стартер и капитен, со глава погоди за 2:0. Овој погодок е многу важен за враќање на самодовербата на Араухо, кој паузираше поради психички проблеми и нарушена самодоверба. Погодокот на Араухо може да го видите ТУКА.

Албасете не се предаде. Второлигашот нападна со сите сили и во 87-мата минута Морено погоди со глава за 1:2 и најави вистинска драма во финишот. Барселона постигна трет гол, кој беше поништен поради офсајд, а во судиското надополнување Албасете имаше стоостотна шанса да израмни, но Џерард Мартин спаси вадејќи ја топката од гол-линијата за победа на големиот фаворит.

- Оглас -

Најнови вести