Крај на една ера: Томас Милер по завршувањето на сезоната го напушта Баерн

Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, пренесува „Кикер“. 35-годишниот напаѓач нема да добие понуда за нов договор, а актуелниот истекува ова лето.

Во последните две недели, Милер имал два состаноци со раководството на Баерн, на кои бил информиран дека неговиот договор нема да биде продолжен. Фудбалерот посакувал да одигра уште една сезона за баварскиот клуб, но Баерн планира да му организира достојно испраќање.

Раководството на Баерн ќе му понуди работа во клубот по неговото пензионирање.

Ветеранoт може да ја продолжи кариерата во МЛС лигата, каде има сериозен интерес за него.

Томас Милер игра во Баерн Минхен веќе 17 години. За овој период, тој одигра 742 натпревари, постигна 247 голови и има забележано 273 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести