Македонската репрезентација игра поотворено и остави подобар впечаток во првото полувреме во Порто отколку во Палермо против Италија, но примениот гол ги комплицира работите околу нашиот историски пласман на Мундијал.
Бруно Фернандеш по асистенцијата на Кристијано Роналдо, им донесе предност на Португалците во 32-рата минута, па избраниците на Благоја Милевски мора да дадат барем еден гол во второто полувреме ако сакаат да се пласираат на СП.
Има надеж, ништо не е загубено. Ќе треба уште похрабро да се тргне напред, но да се мисли и на одбраната и да нема грешки во додавањата во нашата половина бидејќи Португалија има мајстори кои знаат да го казнат тоа.