Крај на сагата: Мо Салах останува во Ливерпул!

Британските медиуми од утринава ја пренесуваат веста дека Мохамед Салах ќе остане во Ливерпул и дека веќе се е договорено за новиот договор. Долго траеше неизвесноста, а двете страни никако не можеа да најдат заеднички јазик, што ги загрижуваше навивачите на „црвените“.

Ливерпул му нудеше договор за само една сезона, а репрезентативецот на Египет и неговиот менаџерски тим бараа тригодишен договор, некаде се споменуваше и четиригодишен. Сепак, според британските медиуми, двете страни се нашле на половина пат, па новиот договор ќе биде на две сезони, а навивачите на Ливерпул конечно ќе може да здивнат.

Мохамед Салах во Ливерпул пристигна во 2017-тата година од Рома и стана вистинска легенда на клубот. Одигра 377 натпревари со ефект од 226 гола и 101 асистенција, а оваа сезона е најдобар стрелец во Премиер лигата со 13 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести