Возачот на Ферари, Карлос Саинс триумфира на трката за Големата награда на Австралија која се возеше на патеката Алберт парк во Мелбурн и тоа откако пред само 16 дена му беше извршен оперативен зафат.
Актуелниот шампион и лидер во генеалниот пласман, Макс Ферстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, по само четири круга мораше да ја заврши трката поради проблеми со сопирачките поради што изби чад од неговиот болид, и со тоа ја заврши низата од девет победи по ред која започна во септември минатата година во Јапонија. Згора на тоа, возачот на Ред Бул ја заврши и неверојатната низа од 43 трки по ред на кои освојувал бодови.
„ Имам чад. Оган, оган, кочниците, моите кочници“, зборуваше Ферстапен на клупското радио.
https://twitter.com/i/status/1771791496850583938
Покај Ферстапен, трката предвреме ја заврши и Луис Хамилтон кој ја вози последната сезона во Мерцедес по што се сели во Ферари. Тој се откажа во 17-тиот круг поради проблеми со моторот.
На второто место заврши Шарл Леклер со што на Ферари му донесе еден-два победа, а последното место на победничкиот подиум му припадна на Ландо Норис.
Како четврти трката ја заврши Оскар Пјастри, а поени освоија уште и Серхио Перез, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Јуки Цунода, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен.