Крај за славното трио на Јуве, Барѕаљи се повлекува во јуни

Ветеранот Андреа Барѕаљи после вчерашниот пораз на Јувентус од СПАЛ, изјави дека донел одлука во јуни да ја заврши кариерата. Барѕаљи сезонава имаше само девет настапи и повредите го натерале да одлучи на крајот на сезонава да престане со активното играње фудбал.

„Многу размислував во последните месеци. Со оглед на повредите, морав да донесам тешка одлука. Во јуни ќе се простам од играњето, а треба да одлучам што понатаму во животот. Како дете сонував да станам фудбалер, сега сакам да најдам работа која ќе му го даде истиот ентузијазам“ – вели популарниот „Ла Роча“, кој во мај ќе наполни 38 години.

Со неговото повлекување, Јуве ќе остане без култното дефанзивно трио Бонучи-Барѕаљи-Кјелини.

Баѕаљи во 2006 стана светски првак со Италија, а во Јуве дојде во јануари 2011 година за само 300.000 илјади евра од Волфсбург, и стана еден од клучните играчи за враќањето на „старата дама“ во европскиот врв. Веројатно ќе му биде понудено да остане во клубот и како член на стручниот штаб да работи со одбранбените играчи.

- Оглас -

Најнови вести