Типувањето за 16-тото коло на Спортска прогноза ќе биде во тек до 16 часот. Прогнозерте кои досега не ги приложија исходите на 13-те меча од основната понуда и двата резервни пара, имаат уште време да го направат тоа.
Дуелите на кои треба најмногу да се посвети внимание се Манчестер сити – Лестер, Аталанта – Милан, Тотенхем – Челзи и Јувентус – Лацио. Овие интересни пресметки се тешки за прогнозирање, но колку е потежок предизвикот, толку е послатка наградата.
Играта е забавна и едноставна, а наградите се одлични. Во втората сезона сè уште го чекаме мајсторот што ќе ги погоди сите 13 двојки во исто коло и ќе ја добие премијата IPhone XS што ја доделува Sport Life.
На резервната клупа овојпат ги оставивме мечевите меѓу Валјадолид и Валенсија, односно Сасуоло и Наполи, но точно погодени исходи на овие два дуели се многу важни во битката за Генерален пласман.
Тука продолжува супер интересната трка за лидерската позиција, која носи убава награда. Смарт телевизорот од 48 инчи ќе го краси домот на шампионот во нашата бесплатна игра.