Крајно непромислен потег на Ди Марија: Го плукна противникот, а до пред неколку дена беше заразен со ковид-19 (видео)

Дури откако судијата Жером Бисар покажа пет црвени картони во финишот од дербито кое се одигра во Париз, страстите за момент се смирија.

Нејмар беше еден од главните актери за време на тепачката, по што расправијата со Алваро ја продолжи и на социјалните мрежи. Провокациите продолжуваат и денес, а сега се појави видеоснимка како Анхел ди Марија прави крајно непромислен потег, кој може да биде санкциониран иако избегна казна.

Имено, Аргентинецот го плука фудбалерот на Марсеј кој претходно се зафати токму со Нејмар, а Ди Марија до пред неколку дена беше заразен со ковид-19. Потегот не е неспортски, туку нечовечки во ваква ситуација кога светот повеќе од шест месеци се бори со опасниот вирус.

https://www.youtube.com/watch?v=1PIMjbjT-kE

- Оглас -

Најнови вести