Тепачка и пет црвени картони за крај на драмата на „Паркот на принцовите“ (видео)

Немили сцени ја засенија победата на Олимпик Марсеј од 1-0 во дербито против ПСЖ. Масовна тепачка се случи меѓу фудбалерите во самата завршница од драмата, по што резултираше со пет исклучувања, а инцидентите продолжија и по крајот на мечот.

https://twitter.com/marathonbet/status/1305251029177565185

Тимот на Тухел мечот го заврши со осум фудбалери, црвени картони добија Нејмар, Курзава и Паредес, додека кај гостите порано мечот го завршија Амави и Бенедето.

Дербито на крајот им припадна на гостите од „Велодром“ со единствениот гол на средбата кој го постигна Тован по само половина час игра.

Десеткуваните Светци го нанижаа вториот пораз во француското првенство, откако пред само три дена загубија на гости кај Ленс со идентични 1-0. Иако Нејмар се врати во составот, тренерот Тухел и натаму не може да смета на клучните Мбапе, Маркињос и Икарди, па и најскапиот фудбалер во светот не можеше да ја направи разликата.

Гостите во 63-тата минута постигнаа и втор гол преку Бенедето, но судиите го поништија поради офсајд позиција на Тован кој претходно учествуваше во акцијата, иако Французинот очигледно

https://www.dailymotion.com/video/x7w6lu1

Марсеј со тешко освоените три бода во Градот на Светлината остваруваат победничка низа и имаат максимални шест бода, сосема спортивна е ситуацијата со ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести