Реал Мадрид е сè поблиску до ангажманот на левиот бек Алваро Карерас од Бенфика. Кралевите ќе вклучат и свој играч како дел од договорот со португалскиот клуб.
Рафаел Обрадор, исто така лев бек, ќе ја напушти Реал Мадрид Кастиља и ќе се пресели во Бенфика. Неговиот трансфер е речиси завршен, по што преговорите за Алваро Карерас ќе влезат во финална фаза.
Се очекува по завршувањето на Светското клупско првенство, Реал и Бенфика да ги договорaт последните детали околу трансферната сума.
Карерас ќе биде четврто ново засилување на „Сантијаго Бернабеу“ по Дин Хујсен, Трент Александер-Арнолд и Франко Мастантуоно.