-4.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Кралевите немаа проблеми во Купот на Кралот, Алавес ја елиминира Севиља

Реал Мадрид успешно го започна настапот во новата сезона од Купот на Кралот, обезбедувајќи пласман во осминафиналето по победата на гостувањето кај третолигашот Талавера со 2-3.

Иако Чаби Алонсо изведе силен состав, дуелот понуди можност и за ротации. Килијан Мбапе доби целосна минутажа, додека од првата минута настапија и Хаусен и Арда Ѓулер. Во второто полувреме во игра влегоа и Белингам, Родриго и Чуамени.

Кралевите го скршија отпорот на домаќинот во финишот од првиот дел. По една спорна ситуација, Реал доби пенал кој Мбапе го претвори во водство во 41-та минута, а во судиското продолжение несреќно реагираше Фарандо, кој ја затресе сопствената мрежа за 0-2.

Талавера во второто полувреме успеа да ја врати неизвесноста со погодокот на Аројо, но брзо следуваше одговор од Реал. Во 88-та минута Мбапе со својот втор гол на мечот практично го реши прашањето за победникот. Сепак, домаќините не се предадоа и преку Ди Ренцо во финишот го ублажија поразот.

Алавес ја искористи домашната предност и со гол од пенал на Висенте ја елиминира Севиља со минимални 1-0.

- Оглас -

Најнови вести