Кралевите подготвија 100 милиони фунти за Белингам

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, подготви 100 милиони фунти за трансферот на англискиот репрезентативец Џад Белингам, кој настапува за Борусија Дортмунд, објави „Сан“, а потоа и останатите англиски медиуми ја потврдија веста.

Трансферот би требало да биде реализиран на крајот од сезоната и медиумите пишуваат дека Реал Мадрид поради богатата понуда, има предност пред Ливерпул, кој исто така пројавува голем интерес за англискиот репрезентативец.

„Главната цел на Реал е да го донесе Белингам во Мадрид. Тој треба да им се приклучи на младите играчи на Реал, кои играат на средината на теренот. Ерата на Каземиро, Лука Модриќ и Тони Крос се ближи кон крајот, поради што Реал сака да го освежи и да го засили средниот ред“, пишува „Сан“.

Каземиро во летниот преоден рок си замина од Реал и се пресели во Манчестер јунајтед, додека Модриќ и Крос би можеле да си заминат од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, смета дека Белингам ќе биде идеална замена за Модриќ и Крос.

Белингам, кој има само 19 години, во Борусија дојде во 2020 година од Бирмингам, а за германскиот тим досега одигра 112 натпревари и постигна 19 голови. За репрезентацијата на Англија одигра 22 натпревари, а постигна еден гол на штотуку завршеното Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести