Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, одлучи во летниот преоден рок главен приоритет да му биде трансферот на англискиот репрезентативец Џад Белингам од Борусија Дортмунд, пишуваат шпанските медиуми.
Според спортскиот весник „Марка“, Реал Мадрид на германскиот тим ќе му понуди 130 милиони евра за трансферот на Белингам.
Перес е убеден дека ќе триумфира во трката по потписот со Белингам и смета дека неговите одлични односи со управата на Милионерите ќе бидат пресудни за фудбалерот на крајот да одлучи да се пресели на Мадрид.
Тој во Реал би пристигнал како замена за Лука Модриќ, кој има 37 години.