Кралевите се откажаа од Белингам, немаат 150 милиони евра

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид се откажа од трката по потписот со англискиот репрезентативец Џад Белингам, пишува „Атлетик“.

Иако Кралевите беа главни фаворити за потпис со Англичанецот, на крајот се откажаа од трансферот бидејќи не можеа да најдат заеднички јазик со управата на Борусија Дортмунд.

Челниците на Милионерите за да го пуштат Белингам, бараат 150 милиони евра, а оваа сума се обиде да ја намали првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перес, нудејќи неколку играчи како замена.

Но, челниците на Борусија останаа на својот став, цената за „слободата“ на Белингам е 150 милиони евра, по што Реал и Перес се откажаа од трансферот и според шпанските медиуми, ќе се фокусираат на доведувањето на Килијан Мбапе од ПСЖ.

Единствен тим кој остана во игра е Ливерпул, но прашање е дали е подготвен да го собори клупскиот рекорд и да даде 150 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести