Кралицата Елизабета била голем фан на два тима а во едниот игра и Македонец

Низ годините, медиумите од Британија шпекулираа за кој фудбалски клуб навива сега веќе починатата кралица Елизабета, некои од нив пред неколку години дојдоа до ексклузивни информации.

Имено, таа на вработените во Бакингемската палата им кажала дека е голем фан на Вест Хем од Премиер лигата, но и дека кога има слободно време обожава да го следи Абердин од Шкотска.

Наводно, тимот во кој што настапува и нашиот Бојан Миовски е омилен бидејќи градот Абердин е местото каде што се наоѓа и Балморал палатата, каде што и вчера почина на 96-годишна возраст.

- Оглас -

Најнови вести