Кралот на НБА плаче за Жота: Никогаш нема да одиш сам!

Кошаркарската легенда и акционер на Ливерпул, Леброн Џејмс, исто така оддаде почит на трагичната смрт на фудбалерот Диого Жота и тоа со познатата парола и химна на клубот „You’ll Never Walk Alone“.

„Моите молитви и мисли се со неговите најблиски во ова тешко време. Нека сите бидат водени и заштитени! Никогаш нема да одиш сам Жота“, напиша Џејмс на социјалните мрежи.

Ѕвездата на ЛА Лејкерс поседува 2% контролен удел во клубот од Мерсисајд. Тој и неговиот бизнис партнер Маверик Картер инвестираа 6,5 милиони долари во април 2011 година за да купат акции во Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести