Кралска офанзива на Реал – Винисиус не мрда никаде до 2027 година, а Родриго доби шпански пасош

Само што беше објавено денеска претпладне дека Винисиус јуниор останува во Реал Мадрид со нов договор до 2027 година, уште една добра вест е објавена за навивачите на Кралскиот клуб.

Вториот бисер во нападот на најтрофејната европска екипа, Родриго, доби шпански пасош и отвори уште едно место за да се ангажира уште еден фудбалер што потекнува од земја која не е членка на Европската Унија.

Досега имаше само едно место, а сега со шпанскиот пасош на младиот Бразилец, Реал ќе може во следниот преоден рок или понатаму да ангажира двајца фудбалери што не се од земјите членки на Унијата.

https://twitter.com/tjcope/status/1585927409538170882?s=20&t=zgHj-bUFMJxbBpy05J6jCw

Само неколку часа претходно, денеска беше објавено дека Винисиус јуниор, кој има 22 години и е постар од Родриго, за едно лето го продолжи договорот со Реал до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести