Кралски триумф – Реал Мадрид слави слатка победа на Ел Класико (Видео)

Реал Мадрид слави кралска победа за врвот на табелата против Барселона со 3:1 на 245. вечно шпанско дерби познато како Ел Класико.

Играчот со најмногу настапи во историјата на најголемото фудбалско дерби на светот, Серхио Рамос со прецизен удар од белата точка во 63. минута го одлучи мечот, а големиот триумф на гостите го запечати резервистот Лука Модриќ во самиот финиш.

Претходно во првото полувреме Феде Валверде со гол во петтата минута најави победа на гостите, а само 240 секунди подоцна Ансу Фати со гол за израмнување испиша историја и стана најмладиот стрелец на Ел Класико.

Дербито почна возбудливо, а веќе во првите десеттина минути со по едне гол и двет екипи најавија поход на победа.

Потоа имаше две импресивни одбрани на двајцата голмани. Тибо Куртоа при резултат 1:1 на импресивен начин го одбрани ударот на Лионел Меси и спречи предност на домаќините.

Потоа на спротивната страна се истакна и Нето кога го одбрани ударот на Карим Бензема, па по првото полувреме беше нерешено,1:1.

Реал во 53. минута доби шанса за пенал, по лошата реакција на Ленгле во дуелот со Рамос. Стоперот на Барселона направи фаул во шеснаесетникот на Барселона, а по проверката со ВАР системот судијата Мунера покажа на белата точка.

Рамос кој има најмногу настапи во историјата на Ел Класико беше прецизен и му најави победа на гостинскиот тим.

Во последните моменти од мечот, Лука Модриќ со прекрасен гол ја потврди победата на гостите.

Реал сега е лидер со 13 бода по шест кола, а Барселона е на 10. место со заостанување од шест бода зад вечниот ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести