Куртоа беше како мачка, го остави Меси да пости (Видео)

Тибо Куртоа имаше прекрасна интервенција во првото полувреме и со реакција на мачка спаси гол и го спречи Лионел Меси да и донесе предност на Барселона од 2:1 на 245. Ел Класико.

Голманот на Реал Мадрид реагираше импресивно и го остави Меси на пост, без гол на последните шест дерби дуели, популарно познати како Ел Класико.

https://twitter.com/FCYahoo/status/1320014555137753088?s=20

Потоа Серхио Рамос постигна гол од пенал во второто полувреме и Реал има предност од 2:1 на 15 минути до крај на пресметката со број 245 меѓу Барселона и Кралскиот клуб од Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести