Руските тимови се навистина погодени од санкциите на Западот против оваа држава поради инвазијата во Украина.
Речиси сите странски спортисти и тренери ја напуштија оваа земја, а клубовите се соочуваат со големи финансиски проблеми. Еден од најпогодение е Краснодар, кој се соочи со егзодус по заминувањето на тренерот Фарке и осуммина странски фудбалери.
Но, тоа не се единствените проблеми со кои се соочува раководството на овој тим бидејќи сметките им се блокирани и не е можно исплаќање на плати. Воедно, Краснодар не може да си дозволи и авионски превоз, па играчите и стручниот штаб за средбата со Уфа ќе патуваат со автубус, а ќе мора да минат повеќе од две илјади километри, односно 28 часа во пат.