Краснодар доживува егзодус, си заминаа тренерот и осуммина странски фудбалери

Рускиот прволигаш Краснодар одлучи да ги ослободи сите странски фудбалери, а ги има вкупно осуммина, откако претходно си замина и герамнскиот тренер Даниел Фарке.

Без образложување, раководството на рускиот тим им дозволи на интернационалците да си заминат без обесштетување, односно им дозволи да бидат слободни агенти.

Причината е добро позната, а тоа е руската инвазија на Украина и суспензијата на УЕФА за руските клубови.

Меѓу познатите имиња што ќе го напуштат Краснодар се: Реми Кабела, поранешниот играч на Њукасл, кој веќе си замина и тренира со поранешните соиграчи од Монпелје, потоа и полскиот репрезентативец Грегорж Криховјак, кој играше за ПСЖ и Севилја, Џон Кордоба, Вандерсон, Клаесон, Ботхејм, Рамирес, Каио и Жуниор Алонсо.

Се очекува во клубот да останат Ерменецот Едуард Спертсјан и Белорусинот Александер Мартинович.

 

- Оглас -

Најнови вести