Леон Џ. е победник на третата етапа во онлајн обложувањето на Sport Life, а наградата е прекрасниот „ајфон 11“ за мајсторски одиграниот тикет со коефициент од 10.188,7.
Кратко, ама слатко во етапа што трае само 10 дена, овојпат од 29 октомври до 7 ноември, со погоден најголем коефициент во пет етапи, Sport Life доделува 5 мобилни телефони „ајфон 11“ за најдобрите прогнозери.
Леон Џ. одигра мајсторски тикет, ризично, храбро и точно, а сите натпревари се од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа, и тоа со идентична игра во комбинација на конечен исход и прв гол до 29-тата минута.
Драматично беше само на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Севилја и Краснодар каде е одиграна комбинација со конечен знак 1 и да падна гол до 29 минута (1&0-29 минута), а првиот услов да падне гол во раната фаза беше остварен, но со гол на гостите што го постигна Сулејманов по 17 минути игра.
Краснодар потоа поведе и со 2:0 со голот на Берг од пенал во 21. минута, па мисијата на Севилја изгледаше невозможна, особено по црвениот картон за Навас во финишот на првото полувреме, при резултат 1:2.
Сепак за пресврт и добитен тикет со коефициент над 10.000 се погрижи резервата на Севилја Ен-Несири со два гола за 180 секунди, најпрво за израмнување во 69. минута и потоа и за победа во 72. минута.
Од вчера во тек е и четвртата етапа, а се што треба за да се вклучите во трката за шампионста позиција до 17. ноември е да имате он-лајн сметка во Sport Life, со едноставна процедура и да составите добитен тикет со најголем коефициент за да го освоите четвртиот „ајфон 11“ во серијалот од пет етапи.