Силекс играше само епизодна улога во Европа и повторно со пораз без постигнат гол го заврши настапот во еврокуповите.
Вечерва во квалификациски меч за Лигата на Европа, кратовци се поразени од Дрита во Скопје со 0:2 и се простија од двете натпреварувања, ЛШ и ЛЕ во квалификациите со два порази и гол-разлика од 0:6.
Првиот пораз од Карабах во стартната филтер-рунда за настап во Лигата на шампионите веројатно и беше очекуван, иако беше висок со 0:4, а избраниците на Горан Симов особено разочараа вечерва против шампионот на Косово, Дрита.
Гостите беа подобри и заслужено слават со 2:0 за пласман во полуфиналето од квалификациите за Лигата на Европа.
Гербеши во 48-тата минута погоди од пенал за предност на гостите, кои се радуваа на уште еден погодок на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Лимани беше прецизен во 80. минута за триумф на Дрита, екипа што ќе игра со Легија Варшава во следната рунда.
Силекс играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Грозданоски во 78-мата минута, а вкупниот ефект со два порази и гол-разлика од 0:6 е катастрофален за настап во европските купови.