Креативно решение за тоа како да ги дисциплинира непослушните фудбалери смислил тренерот на Лајпциг, Ралф Рангник.
Стратегот на бундеслигашот направил „тркало на казните“. Секој оној што ќе задоцни на тренинг, нема да ги слуша неговите задачи и ќе отстапи од правилата во клубот, ќе има можност да си ја проба среќата на „тркалото на казните“.
За разлика од традиционалните и стандардни парични казни кои се применуваат во останатите клубови, во Лајпциг има друг вид казни. Тркалото може да застане на „три часа работа во клупската продавница“, „да ја искоси тревата на стадионот“, „да исчисти дел од трибината“, „да послужи храна во клупското бифе“, „да им купи подароци на сите во клубот“ или „да биде водич на оние кои сакаат да го разгледаат стадионот“.
Сите овие казни и не се толку лоши, а фудбалерите најмногу се плашат „тркалото на казните“ да не застане на „да го одработи тренингот облечен како балерина“. По овој нов метод на казнување на тренерот Рангник, фудбалерите сигурно многу повеќе ќе внимаваат.