6.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Кремонезе и Аталанта како претплатени за ремија (Видео)

Кремонезе и Аталанта се тимови кои како да се претплатени на нерешени резултати оваа сезона во Серија А. Домаќинот стигна до петтото реми, а за Аталанта тоа е шести нерешен резултат откако вечерва одиграа 1-1.

Џејми Варди со својот прв гол во италијанскиот шампионат донесе водство за Кремонезе во 78-та минута, но само шест минути подоцна израмни Марко Брешианини.

Интересно е дека Аталанта и понатаму е без пораз, но од друга страна има само две победи во Серија А од стартот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести