Кремонезе и Удинезе го затворија седмото коло во Серија А играјќи 1-1. Домаќините беа поблиску до триумф, но Варди и соиграчите не успеаја да постигнат победнички гол.
Филипо Терачано во четвртата минута донесе предност за Кремонезе, а израмни Николо Заниоло на стартот на второто полувреме.
По ова реми, Кремонезе се наоѓа на десеттото место со 10 освоени бода, додека Удинезе има бод помалку.