-0.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Кремонезе освои бод на „Олимпико“

Фудбалерите на Лацио и Кремонезе одиграа натпревар без погодоци (0-0) вo 16-тото коло од италијанската Серија А.

Средбата на „Олимпико“ беше една од оние што брзо паѓаат во заборав. Во текот на повеќе од 90 минути беше прикажан слаб и неинвентивен фудбал, без вистински шанси и без екипа што реално заслужи да стигне до погодок, па ремито е најреалниот исход.

Со освоениот бод повеќе можат да бидат задоволни гостите, кои се враќаат во Кремона со вреден резултат и моментално се наоѓаат на десеттата позиција на табелата со 21 бод.

Лацио разочара со настапот и по овој кикс е на осмото место, со само два бода повеќе од денешниот ривал.

Во следното коло, Лацио ќе гостува кај Удинезе, додека Кремонезе на домашен терен ќе го пречека актуелниот шампион Наполи.

- Оглас -

Најнови вести