На денешниот меч од белгиското првенство помеѓу Стандард Лиеж и Остенде, домашните победија со 1-0 со гол во 86-тата минута, но мечот мина во знакот на непријатната случка во првото полувреме. Играчот Зињо Ванхојдсенсе здоби со повреда за која лекарите се сомневаат дека е кинење на предните вкрстени лигаменти. Иако има само 21 година, овој играч во минатото веќе имаше ваква повреда.
Зињо се повреди во дуел со противнички играч, а играњето без публика придонесе да се слушнат болните крици на фудбалерот по повредата. Сите беа преплашени.
Предупредуваме за вознемирувачка содржина:
https://twitter.com/i/status/1322962292439396353