Голема кариера ќе заврши на крајот од оваа сезона. Според добро информирани извори од НБА лигата, Крис Пол ќе стави крај на својата играчка кариера по завршувањето на оваа сезона, која е негова 21-ва во професионалниот кошаркарски живот.
Тој моментно игра за ЛА клиперс, а се смета за еден од најдобрите класични плејмејкери во историјата на НБА лигата.
Дури 12 пати беше Олстар играч, прогласен е за најдобар нов играч во 2006 година, а се најде и на листата на 75-те најголеми играчи во историјата на НБА.
Оваа сезона одигра десет натпревари и далеку е од некогашниот врвен ритам, бележејќи 2,5 поени и 3,3 асистенции.
Во својата кариера играше за Хорнетс, Клиперс, Хјустон, Оклахома, Феникс, Голден Стејт, Сан Антонио и повторно за ЛА клиперс. За американската репрезентација настапи на Олимписките игри во Пекинг и во Лондон, освојувајќи златни медали на двата турнири.

