14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Крис Пол во аут две до четири седмици

Крис Пол ќе отсуствува од тимот на Хјустон рокитс две до четири недели поради повреда од втор степен на бутниот мускул од левата нога. Плејмејкерот на „ракетите“ се повреди во поразот од Мајами хит (101:99). Токму повреда од овој тип му оневозможи на Пол да настапи на последните два меча од минатогодишното конференциско финале против Голден стејт.

Овој тежок удар за Хјустон значи дека ќе бидат без Пол во следните 15 натпревари во НБА лигата, а цел товар сега ќе биде на Џејмс Харден. Закажани се нови прегледи за две недели, а до тогаш франшизата од Тексас ќе мора да се снаоѓа без еден од главните фигури во тимот.

Пол сезонава бележи просек од 15.6 поени, осум асистенции и две украдени топки по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести