Кристал Палас и Вест хем ги искинаа мрежите во лондонското дерби, дадоа седум гола

Првиот натпревар од 34-то коло во Премиер лигата меѓу Кристал Палас и Вест хем претставуваше вистинско уживање за навивачите бидејќи беа постигнати дури седум гола.

Во лондонската пресметка славеше Кристал Палас со 4:3 и речиси си го обезбеди опстанокот. Палас сега е 11-ти на табелата со 40 освоени бодови, додека Вест хем е 15-ти со 34 бодови, пет повеќе од опасната зона.

Гол шоуто го најави Томаш Соучек уште во деветтата минута кога им донесе водство на Чеканите. Но, за 20 минути, Кристал Палас направи пресврт, постигна три гола преку Џордан Ају, Вилфред Заха и Џефри Шлуп. До крајот на првиот дел, Мајкл Антонио намали на 3:2.

Второто полувреме толку ефикасно, но гледачите на „Селхарст парк“ во Лондон видоа уште два гола. Прво Езе повторно донесе предност од два гола за домаќинот, а Агуерд во 72-та минута намали на 4:3, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести