Кристал палас во својата историја има освоено само два трофеи и двата оваа година. Марк Геи влезе во историјата на клубот како капитенот кој ги крена двата пехари, први во 120-годишната историја на клубот.
Но, само ден по тримфот над Ливерпул на пенали во Комјунити шилд, изненадувачки вести за навивачите на Кристал палас. Раководството на клубот планира да го продаде капитенот Марк Геи бидејќи договорот му истекува следното лето и сака да заработи на неговиот трансфер.
Англискиот репрезентативец е дел од Кристал палас од 2021 година, кога се пресели од Челзи за сума од 23,4 милиони евра, а неговата вредност во моментов изнесува 45 милиони евра.