Сензационалниот освојувач на англискиот ФА куп и Комјунити шилдот, Кристал палас, конечно, во третото коло дојде до првата премиерлигашка победа оваа сезона и не било како, туку со убедливи 0-3 на гостувњето кај Астон вила.
Сепак, ако мечот на „Вила парк“ донесе задоволство и насмевки во редовите на Кристал палас, атмосферата комплетно спротивна во редовите на Астон вила, бидејќи и по три кола не само што немаат победа, туку немаат постигнато ниту еден погодок.
Астон вила е единствената екипа во Премиер лигата која по три кола нема постигнато гол, а само еден бод се на претпоследната позиција. Позади нив е само Вулверхемптон кој доживеа три порази.