Кристално јасно „Не“ за Јунајтед – Малку се 40 милиони фунти за Ван-Бисака

Кристал палас ја одби првата понуда од Манчестер јунајтед за услугите на нивниот десен бек Арон Ван-Бисака. Дваесеткратниот англиски првак понуди 40 милиони фунти, но за екипата од јужниот дел на Лондон сумата е мала, а би му дозволиле на перспективниот дефанзивец да си замине за најмалку 60 милиони фунти.

Оле Гунар Солскјер нема да има лесна задача во наоѓањето на десен бек, бидејќи Антонио Валенсија замина како слободен играч, додека Јанг по потреба играше на таа позиција во текот на сезоната. Норвешкиот стратег како опција го има само младиот Диого Далот, додека не смета на Матеја Дармијан – Италијанецот се наоѓа на излезна врата.

Ван-Бисака изби во прв план кај тренерот Рој Хоџсон во текот на изминатата сезона, настапи на 35 премиерлигашки натпревари во кои запиша три асистенции, а е многу блиску да го облече репрезентативниот дрес на Англија иако има голема конкуренција на неговата позиција.

Со оглед на тоа дека има само 21 години, Ван-Бисака би бил долгорочно решение за Јунајтед на позицијата десен бек, но прво ќе треба да ја подобрат понудата за да ги добијат неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести